Атлантскиот совет објави извештај за новата американска стратегија за Балканот под наслов „Балкан напред: Новата стратегија на САД за регионот“, во кој како посебна точка се наведува потребата од унапредување на односите меѓу Грција и Македонија.
„САД треба да го врати угледот на вистински посредник, кој, меѓу другото, треба да направи дополнителни напори за да се подготват Атина и Скопје во иднина да станат сојузници, се вели во третата точка од планот од четири точки.
Во извештајот на Атлантскиот совет кој утре ќе се состане во Вашингтон се наведени конкретни чекори што треба да ги направат САД за да помогнат во стабилизирањето на регионот.
Како прво, Атланскиот совет смета дека САД треба да воспостави постојано воено присуство во регионот на Југоисточна Европа, а со тоа да покаже континуирана заложба за постигнување на безбедност и да си овозможи долгорочно влијание. Кампот Бондстил е идеален за ова, се вели во извештајот.
Како второ, се предлага САД да се обиде да „постигнат историско“ обновување на односите со Србија. Белград може и треба да биде близок партнер и сојузник во регионот, но тоа може да биде само ако тоа значително да се дистанцира од Русија, смета Атлантскиот совет.
Како последно, треба да се посвети внимание на претприемачите и младите луѓе во регионот, зашто ниту една од овие акции немаат смисла без да се обрне внимание на долгорочните економски перспективи на регионот и на младите луѓе. САД ќе мора одново да се ангажираат со своите европски партнери да се создадат значителни економски можности за луѓето во регионот.





