Лесна и вкусна празнична торта која може да ја правите заедно со вашите најмили. Загарантирано вкусен рецепт во кој може да учествува целото семејство.

Состојки :

– 5 јајца



– 5 лажици шекер

– 5 лажици брашно

– 200 мл слатка павлака

– 200 гр крем сир

– 1 пакување желатин

– 3 лажици шекер во прав

– 2 лажици мелени ореви

– 100 гр рендана чоколада

– 150 гр плазма

Начин на подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките и сматете ги со постепено додавање на шеќерот.

Кога белките се добро сматени, додавајте ги жолчките една по една и постојано мешајте.

На крајот додадете го брашното и полека промешајте. Сипете во тава обложена со хартија за печење и печете на 200 степени околу 12 минути.

Желатинот прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри.

Сматете ја слатката павлака, па додадете го крем сирењето и шеќерот во прав. Измешајте ги сите состојки.

Желатинот ставете го во филот и додадете ги мелените ореви.

Пандишпанот исечете го на два дела. Првиот дел ставете го на чинија и премачкајте го со третина од филот. Преку филот наредете ги парчињата плазма (претходно омекнете ги во млекото).

Премачкајте со фил и ставете го вториот пандишпан одозгора. На крајот премачкајте со остатокот од филот и декорирајте со рендано или искршено чоколадо.