Минатата ноќ, околу 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола, информира МВР.
Со возило на Итна медицинска помош девојката Б.Л. била пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.
Н.Н. бил алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка.
По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава, информира полицијата.





