Заканувачко писмо адресирано до него и до неговото семејство, добил вчера грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, известуваат утрово грчки медиуми.
Информацијата за ANT1 ја соопштил Никос Доскас, пензиониран армиски генерал, член на СИРИЗА и пратеник во грчкиот Парламент.
„Имаме три куршуми за вас“, пишувало во писмото испратено до Никос Коѕиас.
Писмото било испратено вчера и веќе почнала истрагата за идентификација на испраќачите.





