Кога пред фотографите, придружувана од телохранителите, се појави Принцезата Шарлин во сребрена облека со процеп на фустанот кај стомакот, сите останаа без зборови. Поради навистина смелата комбинација многумина останаа вчудовидени, но заради тоа, таа успеа да ги засени дури и супермоделите на 90. години кои требаше да бидат главни ѕвезди на Гала вечерта организирана од Версаче.

39 годишнната принцеза одамна се докажа како голем обожавател на модата, па никој не бил изненаден кога заедно со светските фаци како Луис Хамилтон и Кејт Бланшет седеше во првите редовите на ревиите на Армани и Версаче.




