Овој рецепт е идеален за домашниот неделен или било кој свечен ручек. Еве како да приготвите печени шницли за 4 лица:
Состојки:
-2 благи компири
-4 обични компири
-5 моркови
-1 главица лук
-6 парчиња свински шницли
-1/2 чаша бело вино
– зачини (сол, бибер, оригано)

Состојки за подготовка на сос:
-2 лажички сенф
-1 лажичка мед
-малку балсамико или сок од лимон
Начин на готвење:
Шницлите се пропржуваат во тава за малку да заруменат.
Во намрсена тава се редат благиот и обичен компир, како и морковите пресечени на половинки или на 3 дела. Големината на сечење зависи од големината на целите моркови и компири. Сите треба да имаат приближно иста големина. Исто така во тавата се редат и чешнињата лук.
Зеленчукот се зачинува и врз него се редат шницлите.
Се полева со виното и се затвора тавата со алуминиумска фолија.
Сè се пече заедно околу 1 час во претходно загреана рерна на 200 степени.
По 1 час се трга фолијата и се остава да се запече уште 10-тина мин.
Како прилог се подготвува сосот од сенф, мед и балсамико и се прелеваат месото и зеленчукот при сервирање.





