Редовното годишно собрание на македонската кошаркарска федерација кое се одржа во Скопје траеше повеќе од 3 часа и тоа со полувреме, во кое беа прогласени најдобрите за 2017 година, а тоа се Перо Антиќ и Јелена Антиќ, не донесе, но најави тектонско поместување и промена на односот на силите во организацијата што, во прв ред ќе значи скорешна смена на Петар Наумовски од претседателското место. Тој за сега останува затоа што го прекина собранието веднаш по свеченоста и на делегатите им препорача да се видат наскоро, кога ќе соберат потписи за вонредно заседание. Тоа ги остави во шок присутните кои според претпоставеното сценарио за вовед во долгиот и мачен кошаркарски понеделник бараа гласање доверба на претседателот.
Петар Наумовски цело време се „давеше“, но не се даваше и се бранеше со свое толкување на актите и со предлог барателите да изнајда други решенија.
Тоа беше првото, подолгото полувреме кое траеше три часа во кои секој си зеде за право да напаѓа или некого да брани. Неважно е кому му беа упатени сите отровни стрели затоа што истите веројатно важат и за двете страни, а можеби и за сите присутни, но битно е дека потоа Наумовски се охрабри, не попушти, и пресече, не дозволувајќи ни гласање за доверба, ни каква и да е друга расправа.
Следно треба да биде ново собрание, најбрзо за 15 дена, но само ако клубовите обезбедат потписи од една третина од вкупниот број делегати, а тие се 43, по што Наумовски ќе мора да свика собир. До тогаш се е статус кво, се е вакум во и онака потонатиот спорт чија слика најдобро се виде во оваа пригода.




