„Државниот обвинител Љупчо Коцевски Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет. ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за него со месеци, тргајќи од тезата дека можеби бил под притисок на СДС и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски од секогаш бил слуга на СДС.“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.
Петрушевски натаму истакнува: Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо. Нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството. Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на Јавното обвинителство седеше ше Коцевски, кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење корупција уриваме рекорди.
Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски, кој треба да се бори против, никако да ја види. На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски, доста беше. Одговорност има.
Home Македонија Петрушевски: Наместо да почне со беспоштедна борба против криминалот, Коцевски не стори...





