Славјанка Петровска, една од кандидатите што денеска официјално влезе во трката за претседател на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) вели дека во изминатите години од нејзиното членување во партијата, членовите најдобро колку е сработено. Изјавата на Петровска доаѓа откако нејзиниот сопартиец и противкандидат за лидерското место Јован Деспотовски денеска при поднесувањето на кандидатурата рече дека клучната разлика од останатите противкандидати е што тој нема да зборува туку ќе работи.
„Знаат со која динамика се вклучувам во активностите на процесите, така што со Јово Деспотовски, како и со останатите кандидати, се познавам долги години, сме работеле заедно на проекти. Но, како што реков, членството е тоа што најдобро знае за секој еден од нас колку сработил во делот на партиското дејствување“, рече Петровски во гостување на ТВ 24.
Прашана дали и Деспотовски знае колку таа има сработено, Петровска рече дека не знае која е причината за таквата изјава и оти не би сакала да ја толкува.
„Јас реков принципиелно дека повеќе сакам да зборувам за тоа која е мојата визија и она што сакам јас да направам. Мислам дека коментарите едни за други можеби треба да ги оставиме за некои други времиња, а повеќе да се сконцентрираме на тоа која е нашата платформа и со што ќе настапиме пред членството кое верувам дека многу добро не познава“, рече Петровска.
За сите овие години заедничко дејствување внатре во партијата, вели Петровска ,сите сме свесни за одредени предности или слабости кои секој од нас ги има.
До сега има пријавени 4 кандидати за лидер на СДСМ а рокот за пријавување истекување утре. Изборите за партиските членови треба да се оддржи на 30 јуни.






