Петровска : Нема тенкови бидејќи се заменети со помодерни средства

Доскорешната министерка за одбрана Славјанка Петровска вели дека македонската армија немала тенкови зошто според планот за работа се одело кон модернизација.



  • -Тие се заменети со модерни средства, одговори на прашањата во поткастот „Претрес со Ландов”.
  • – „Ловечко друштво сега може да не окупира” – беше еден од коментарите на гледачите, на што Петровска кусо одговори „Не би рекла, јас не би ја потценувала армијата“.Дискусијата продолжи околу подарената воена опрема на Украина, и дека нашата земја сега е скоро обезглавена, бидејќи немаме тешка воена опрема за одбрана, оти таа е подарена како дел од проект за реорганизаиција на армијата. 

    Фото: Принтскрин