Поранешниот генерален секретар и актуелен член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров, изрази мислење дека на партијата му е потребен авторитетен лидер, но дека изборот не е желботека и дека дел од досега пријавените кандидати не би можеле да се пријават ни на конкурс во месна заедница.
„Не треба да се избере само нов претседател, туку треба да се избере квалитетен кадар кој ќе има лидерски капацитет да го води СДСМ – да обединува, да има плитичко знаење и да биде чесен“, рече Петров во вќчерашпното гостување на ТВ Сител.
„Моето убедување е дека претераното брзање (за избор на лидер – н.з.) е непотребно во оваа ситуација. Мојот апел е сите луѓе кои се кредибилни и повлечени, затоа што дел од овие кандидати што се пријавуваат не можат да се пријават на конкурс во месна заедница“ вели Петров.
Според него, помеѓу пријавените има кредибилни имиња, но и такви кои не сфатиле дека ова не е желботека.
„СДСМ има потреба од внатрепартиски консензус кој ќе овозможи партијата да го преброди тешкиот период на опозиција со само 18 пратеници“, рече Петров.
Петров потенцираше дека новиот претседател на партијата мора да биде авторитетен, но и да ја турка партијата напред.






