Македонскиот фудбал направи нов скок на најреспектибилната и највалидната ранг листа на светските национални тимови. По триумфот од 2-0 со Норвешка во пријателската средба овој месец нашата сениторска селекција се искачи за нови 9 места и сега е 76 нација на планетата.
Потсетуваме дека пролетоска, при мартовското рангирање бевме дури на 166. место, што сега не прави први кандидати за репрезентација со најголем скок во 2017 година. На врвот на листата инаку нема потреси, па и натаму во ТОП 5 се Германија, Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија.




