Зад најголемата шема за цедење на социјалните бенефиции во Англија и Велс стојат петмина Бугари, објави „Сега“ повикувајки се на британскиот весник „Дејли мејл“.
Тие со години со лажни документи извлекувале пари за таканаречениот универзален кредит – социјална помош за сиромашните и невработените,
Присвоената сума е 54 милиони британски фунти, околу 63 милиони евра.
Измамниците го користеле социјалниот систем како банкомат, објави обвинителството на суд.
Парите ги добиле преку 6.000 лажни барања.
Петмината беа уапсени во 2021 година по операција на локалната полиција, додека едниот од нив по бегството во Бугарија во февруари годинава е екстрадиран во Англија.
При претрес во домовите на петтемина, полицијата пронашла 750.000 фунти во снопови пари, 900 мобилни уреди, стотици формулари за аплицирање …
На профилите на социјалните мрежи на петмината може да се видат снимки од луксузниот живот што го воделе зад системот на социјална помош. Во едно видео, петмината фрлаат банкноти од 20 фунти како конфети во стан.






