Перински: Општински пари не смеат да се користат за финансирање „академии“

Министерот за локална самоуправа Златко Перински предупреди дека Законот за локална самоуправа не предвидува општините да финансираат академии, „проект“ што го најави ВРЕДИ, а ќе бил финансиран четири општини со мнозинско албанско население.



„Во Законот за локална самоуправа стои дека приходите што ги остваруваат локалните самоуправи мора да се трошат во рамките на законите. Неколку пати кажав дека ‘Албанската академија’ не е под нивна надлежност.

За да се финансира од локалните самоуправи ова мора да помине на советот, а дали ќе помине на советот останува да видиме. Законот го вели ова, имаме и инспекторати за локална самоуправа, имаме Устав, но би апелирал да не се прават проблеми таму каде што ги нема“, рече Перински пренесува Телеграфи.