Перински не исклучува можност да се кандидира за градоначалник на Скопје

Актуелниот министер за локална самоуправа во интервју за МИА вели дека доколку анкетите покажат дека тој е најсоодветниот предлог, со задоволство ќе ја прифати кандидатурата за градоначалник на Скопје на локалните избори треба да се одржат следната година..



Доколку анкетите покажат дека друг е посоодветен, Министерот Златко Перински вели дека ќе му даде целосна поддршка.

Градоначалникот на Кисела Вода смета дека добро би го водел Скопје ако застане на чело на Градот

„…тој процес треба да биде отворен, транспарентен да биде базиран на аналитика, граѓаните преку анкети да кажат кој е најсоодветен кандидат за градоначалничкото столче.

Доколку сум јас тој и доколку партијата во целост застане позади мене, да со задоволство ќе прифатам, но доколку партијата и анкетите кажат дека некој друг е посоодветен кандидат од мене, ќе ја има мојата целосна поддршка, вели Перински.