Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, не верува дека земјата ќе може да влезе во Европската унија до 2030 година – нешто што го ветува лидерот на партијата која го кандидира за уште еден мандат, но и министерот и кандидат за претседател од редовите на ДУИ.
„Со бугарската блокада и, за жал, со целосниот консензус кој сè уште важи и најверојатно нема да се промени во ЕУ за прием на нови членки со консензус, се плашам дека утре Бугарија може повторно да го повтори ветото против Македонија“, изјави Пендаровски во интервју за Радио слободна Европа.
„…со бугарската блокада и со за жал, консензусот целосен кој се уште важи и најверојатно нема да се менува во рамки на ЕУ за прием на нови членки, јас се плашам дека утре може да биде некоја нова Бугарија или повторно Бугарија, може да вложи повторно вето заради не знам што. Или да најде изговор било каков, кој дури не е втемелен во фактите, со цел да не блокира.
Проблемот на европското проширување е тоа што билатералните спорови, за жал, поради начинот на кој се одлучува во ЕУ за прием на нови членки, станаа главна пречка за европското проширување, тоа го гледа и во однос на другите западно-балкански држави.
Некој од соседите ќе каже нешто и целата ЕУ чека тоа тие да го решат на билатерална основа, вели Пендаровски.
Тоа, по дефиниција, е погрешен приод, затоа што вие, ако сте кандидат за членство кој преговара како што сме ние и членка полноправна која е внатре, ние сме во стартот во асиметрична позиција. И затоа, тој тип на билатерални спорови, треба да се посредува од трета страна, од самата Унија, за да може некако да се урмнотежат тие две страни, бидејќи ние не сме еднакви, ние сме надвор, тие се внатре. Тие ги диктираат условите, ние ги чекаме да ни ги испостават тие услови и да ги исполниме.
Само тоа е решението. Или да го променат начинот на одлучување, што мене не ми изгледа изгледно, наредните години и години, или, конечно, нашите соседи, пред се мислам во овој случај на источниот сосед, да се вразуми и конечно да почне да се однесува на европски, а не на „балкански начин“, рече кандидатот за уште еден претседателски мандат.






