Пендаровски одлучи – ќе бара уште еден претседателски мандат

Актуелниот шеф на државата денеска на прес-конференција, најави дека повторно ќе се кандидира за уште еден мандат на функцијата претседател.



Се очекува владеачката СДСМ викендов и официјално да го поддржи Стево Пендаровски во трката за втор мандат.

„Во недела ќе бидам на Конгресот на СДСМ, само во тој дел, за да им се заблагодарам за поддршката, а од понеделник ќе имам средби со сите десетина партии од таа коалиција, од кои ќе сакам да слушнам предлози, кои би ги вклучил во мојата програма.

Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани, од недела 3-ти март, да дадат поддршка за мојата кандидатурата во подрачните единици на ДИК“, порача Пендаровски.

Актуелниот претседател вели дека зад себе имал мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и без ниту еден случај на непотизам.

Очекува во неговиот евентуален втор мандат, Македонија да стане членка на ЕУ.