Поранешниот македонски амбасадор во НАТО кога Македонија ја доби поканата за членство Зоран Дабиќ забележува неколку неточности во јавните изјави на кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски.
Дабиќ во изјава за expres.mk вели дека е лага изјавата на Пендаровски дека тој лично е заслужен за поканата а манипулација е дека НАТО може да ја избрка Македонија од алијансата ако биде поништен Преспанскиот договор.
Според Дабиќ ако Пендаровски го прочитал Вашингтонскиот договор ќе види дека таму нема таква можност.
,,Дали е можно еден претседател, па било да е тоа и за кампања, да се спушти на толку ниско па поканата за зачленување во НАТО во 2018 година да си ја присвои на себе. Претседател со китење со туѓи пердуви не бива.
Згора на тоа, вчера плаши два милиони луѓе со закана дека НАТО ќе ја избркал Македонија од Организацијата доколку го раскине Договорот од Нивици!!?
Па ако толку бил битен фактор при зачленувањето, Пендаровски требал да го прочита Вашингтонскиот договор и да види дека таква клаузула таму не постои.
Секој просечно образован човек ќе разбере дека една одбранбена Алијанса нема никогаш интерес да се намалува, туку токму спротивното – да зајакнува.
Инаку, многу внатрешни спорови и проблеми Алијансата со успех ги реши и сеуште ги решава со внатрешен дијалог, без вадење валкани алишта надвор. Во тоа е исклучително успешна. Доволен е примерот со Турција и Грција, да не одиме подалеку.
На крајот, успеа и добро да ме насмее кога во еден свој говор на митинг изјави дека уште пред 5 години ни ветил дека ќе станеме членка на НАТО. И си останал на зборот.
А поканата ја добивме пред шест години!!”, пишува амбасадорот Дабиќ за лагите на Пендаровски.





