Претседателот Пендаровски екс премиерот Заев и министерот за земјоделие и водостопанство Николовски вчера се сликаа со проект на ВМРО-ДПМНЕ што требаше да биде готов во 2020 година.
Проектот ,,Брана Јонско” е договорен и потпишан уште пред десетина години а Заев и Николовски прв пат таму се сликаа во 2018 година кога најавија дека во 2020 година браната ќе биде готова.

Пендаровски, Заев и Николовски не само што не се срамат да се сликаат на проект кој доцни 4 години туку онаа фалаг со истиот.
Овој систем кој иницијално чини 40 милиони евра главно доцнеше поради неспособност на институциите предводени од СДСМ од каде се правдаат дека доцнењето е поради здравствената криза, бавната работа на некои институции, како и задоцнетото пристигнување на специјални материјали и опрема од странство.
Изградбата на оваа брана почна во јули 2018 година, а стартот го означија меѓу другите тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.






