Пекевски: Најдобро е сдсм да се самораспушти и да не постои како партија!

„Најдобро е сдсм да се самораспушти и да не постои како партија, ова покажува само какви луѓе се.“  – објави на својот фејсбук-профил политичкиот аналитичар Синиша Пекевски. Паѓа во очи посебно и тоа дека Пекевски името на оваа „државотворна партија“ го пишува со мали букви, укажувајќи колку е „голема“, иако според нормите на правописот треба да ја наведе со големи букви. Со својата објава Пекевски реагира на веста дека Владата на Република Македонија во заминување одлучила на затворена седница да даде предлог, покрај 36-те избрани државни функционери (пратеници), на кои им следува апанажа, во следните 12 месеци да се закачат на „државна цицка’ и досегашните национални координатори Нора Исмајловска-Старова, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски, како и Мартин Попов, шефот на кабинетот на Димитар Ковачевски. Во последен момент е доставен и овој предлог, бидејќи рокот за поднесување апанажа истекува на 28 јуни 2024 година.