Пајазити: ДУИ планира реформи и ветинг, но зарем со исти празни ветувања, со исти лица, на кои им завршил рокот на употреба?!

„ДУИ објави сеопфатен план за реформи и ветинг, но масата за одлучување личи на клуб на ветерани! Исти имиња, исти лица, исти празни ветувања. Народот очекува промени, а не рециклирање! Ако во оваа партија немаат валкани намери, тогаш што бараат со џаферовци, беџетовци и други личности, кои се пензионирани и на кои им завршил рокот на употреба?!“ – изреагира Насер Пајазити, новинар и директор на новинската агенција Илирија-ИНА, преку објава на својот фејсбук-профил.

Пајазити дополнува: ДУИ има луѓе способни, има нова енергија, но проблемот се лакташите, оние, кои не оставаат место за другите, истуркувајќи ги со своите лакти!