„Декларацијата за независноста од 1991 година не ја изрази повеќенационалната реалност на Македонија, туку содржеше нагласени македонски национални карактеристики. Тоа беше македонска национална државотворна платформа, која воопшто не ги исполни стремежите на албанскиот народ во Македонија. Таа ги предизвика меѓуетничките кризи, што уследија, како и одржувањето на ‘референдумот за политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија’, односно ‘референдумот за Илирида’. Овој референдум на Албанците во Македонија остана до денес само на хартија, како одговор на сите еднострани одлуки, како формално маргинализиран напор!“ – истакнува Насер Пајазити, новинар и одговорен уредник на информативната агенција на албански јзик Илирија-ИНАС, во својата колумна со наслов „Триесет и три години на државата * Македонија, од кога почна?!“.
Пајазити пишува: * Македонија одбележа 33 години од својата државност. Големиот проблем, или ракот на албанското прашање, што се разви во метастаза на оваа држава, потекнува од настаните од јануари 1991 година со усвојувањето на Декларацијата за независност, која му претходеше на референдумот од 8 септември 1991 година. Зошто оваа Декларација од јануари 1991 година не ја изрази повеќенационалната реалност на Македонија, туку содржеше изразени македонски национални карактеристики? Оваа македонска национална државотворна платформа воопшто не ги исполни стремежите на албанскиот народ во Македонија. Тоа предизвика едноподруги, следувателни меѓуетнички кризи.
Албанскиот политички чинител не ја прифати во тоа време Декларацијата за независноста, но зошто се случи измамата со продавањето магла дека оваа Декларација е политички чин, а не е и уставно-правен чин? Членот 1 од Декларацијата многу јасно го дефинираше карактерот на новата држава како македонска национална држава, исклучувајќи ја можноста за формирање повеќенационална држава, во која би биле вклучени Албанците и другите народи, кои живеат во Македонија.
Во првата послеплуралистичка Влада од март 1991 година, албанскиот политички чинител беше застапуван само од еден министер од редовите на Партијата за демократски просперитет.
На референдумот за независна Македонија, на кој, според државната статистика, 95% од граѓаните гласале „за“ и независна држава, но неколку месеци подоцна беше организиран паралелен референдум, организиран од Албанците. Поради незадоволството, или големата измама?
По одржувањето на референдумот од 8 септември и усвојувањето на Уставот од 1991 година, на 11 и 12 јануари 1992 година се одржа и референдумот со прашањето „Дали сте за политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија“, односно референдумот за Илирида, кој го поддржаа 92 отсто од Албанците, кои излегоа на гласање. На овој референдум гласаа повеќе од 383 илјади Албанци.
Организирањето на референдумот за политичко-територијална автономија на Албанците во Македонија“, односно референдумот за Илирида, како одговор на сите еднострани одлуки, остана само на хартија, до ден денес како формално маргинализиран напор! Ова е вистината за првите денови на македонската државност и за Албанците како дел од неа, по отцепувањето од поранешна Југославија! Нека ни е на аир оваа Македонија!






