„Без оглед дали им се допаѓа на министрите Минчев и Стоилковиќ, или не, албанскиот јазик е официјален, а не лична преференција.“ – истакнува на својот фејсбук-профил Насер Пајазити, основач и директор на информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Натаму Пајазити пишува: Во 2024 година жално е да се видат министри како прават „акробации“, за да го одбегнат почитувањето на албанскиот јазик, право загарантирано со закон. Министрите Горан Минчев и Иван Стоилковиќ мора да разберат дека албанскиот јазик не е прашање на лични преференции, туку суштински дел од * Македонија, држава изградена на различности и рамноправност.
Законот за јазиците е јасен: албанскиот (или официјално како што е напишано, јазикот што го зборуваат повеќе од 20%) е втор официјален јазик и мора да се почитува во секоја институција, вклучително и оние, со кои раководат овие министри. Игнорирањето на законот не покажува сила или авторитет, туку само недостаток на почит кон граѓаните, што ги претставуваат.
На овие министри не им кажале нивните татковци дека законот вели јасно:
Член 1 (3) Во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, субјекти и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања во согласност со закон и други институции, официјален јазик , покрај македонскиот јазик и неговото писмо, е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, утврдени со овој закон.
Член 22 (1) Глоби во износ од 4.000 до 5.000 евра во денари за прекршоци ќе им се изречат на органите и на сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. (2) Глоба во износ од 30% од утврдената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице во органите од ставот 1 на овој член.





