СДСМ, чија Влада предводена од тогашниот премиер и партиски лидер Зоран Заев го промени името на државата Република Македонија и покрај јасно изразената волја на македонските граѓани со масовниот бојкот на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, „најостро ќе се спротивстави“ на промена на државниот грб.



„Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешниот брифинг.