Ден пред официјалниот почеток на изборната кампања, во среда, политичките партии кои учествуваат на изборите во среда, ќе потпишат Декларација за фер, слободни и демократски избори и против говорот на омраза.
Потпишувањето на Декларацијата е традиционален настан што го организира Институтот Охрид од 2014 година и се одржува пред секои избори.
„Потпишувањето на оваа Декларација ќе пренесе јасна порака до целата македонска јавност дека младите политичари како идни носители на одлуки, имаат силна волја и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво“, велат организаторите.





