Порталот „Кос_дата“ со вести од Албанија, Косово и целиот Балкан објави дека партиите на Бошњаците од Косово го кренале гласот против обидите на Бугарија да направи Бугари и од нив по теркот со Горанците.
„Бошњачките партии во Косово ја обвинуваат Бугарија дека се обидува да создаде бугарска заедница нудејќи бенефиции за преобраќање Бошњаци.
Според нив, некои Бошњаци се идентификувале како Бугари на неодамнешниот попис на Косово.
Во последните години Бугарија побара официјално признавање бугарска заедница на Косово.
Историчарите велат дека нема документирани докази за организирана бугарска заедница на Косово“, објави порталот на Твитер.






