„Пари“: Изградени се 73.444 станови од 2013-2024, но многу од нив се празни!

„Се градат станови, а нема кој да живее во нив. Ова не само што е чест коментар, туку накусо ја опишува реалната состојба на теренот, со оглед на темпото и на изградба на новите станбени згради, но и на иселувањето од земјава.“ – нагласува аналитичкиот портал за бизнис и финансии „Пари“ во својата анализа со наслов „Повеќе од 73 илјади станови изградени за 11 години!“.

Натаму, покрај другото, во анализата се изнесува: Статистиката располага со вчудовидувачка бројка – од 2013 па досега, значи за 11 години, изградени се 73.444 станови. Меѓу двата пописа 2002-2021 населението е намалено за 200 илјади. Според проценките, само последниве неколку години заминале над 77 илјади млади. Кои би требало да се можните купувачи на новите станови?

Просечната цена е 1.466 евра за еден квадратен метар станбена површина. Купувачи има, но и многу од становите се празни.

Целата анализа тука