Лани извршителите присилно наплатиле безмалку 160 милиони евра, пишува порталот Пари.
Според нивната пресметка, ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по 2017 година, кога со наплатата се надминале 166 милиони евра.
Во полза на државата, од правни и физички лица, извршителите наплатиле вкупен износ од над 90,3 милиони евра.
Пресметката на порталот вели дека откако формирана Комората на извршители (2006 година), за 18 години се наплатиле безмалку 2 милијарди евра.






