Пападопулу: Не за „Македонија“ во името на Скопје

„Велиме да не се користи име Македонија за Скопје или дериват на тоа име“, изјави портпаролот на партијата „Независни Грци“ (Анел) Мандалена Пападопулу, додавајќи дека не се работело „само за името, туку за идентитетот“.



Таа истакна дека соседите го комбинираат своето име со нивниот иредентизам.

Постојат генерации во Скопје кои пораснаа со своите учебници, со Уставот и го прифатија идентитетот. Затоа, не е само името“.

Пападопулу рече дека АНЕЛ го поддржува преговарачкиот напор што добро го прави надлежниот министер за надворешни работи, и истакна дека АНЕЛ е за решение но „не од какво било решение”.

Околностите, додаде таа, се поволни за решение и тоа треба да се искористи…

Таа го прозва лидерот на опозиционата Неа демократија, Кирјакос Мицотакис, за кој рече дека „досега не одговори дали  се согласува со употребата на името (Македонија). Очекуваме одговор“, рече Пападопулу.

Мицотакис и неговата партија сметаат дека решение за спорот треба да биде сложено име со географска или некаква друга одредница…