Со јасен став за митингот што ќе се одржи в недела во Солун за името на Македонија се јави и фудбалскиот клуб ПАОК.
„ПАОК, како најголемо спортско движење во Северна Грција и Македонија, плод на луѓето кои страдале и беа раселени од своите домови, не може да остане рамнодушен на настаните.
Македонија е нашата земја, нашиот дом, нашата историја. Таа е историска и грчка. Не е наша работа да водиме политика, но бараме вистината и историјата да бидат заштитени по секоја цена
Имаме разбирање за значењето да се реши проблем на национално ниво, но не на сметка на националната свест на граѓаните на Македонија (се мисли на грчкиот регион –н.з.). Секое решение што не провоцира и придонесува за зајакнување на северна Грција и на целата земја се добредојдени, без искривување на реалноста и на историјата“ се вели во соопштението на ПАОК според кое неговите симпатизери че се приклучат на „милиони луѓе кои имаат иста цел“ на митингот в недела во Солун.
Стадионот на ФК ПАОК се наоѓа во солунската населба „Тумба“, а симпатизерите се сметаат за едни од понасилните навивачки групи.




