На масовен протест на 3-ти септември во Скопје повикуваат пензионерите од Штип, Кочани и Свети Николе на кој ќе побараат оставка од актуелната претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионери, Станка Трајкова, објави ТВ Сител.
Тие сметаат дека Трајковска која е за процентуално зголемување на пензиите, ги изневерила нивните интереси, а пензионерите со минимални примања ги оставила без средства за гола егзистенција.
Имено, Трајковска смета дека треба поинаков начин за зголемување на пензиите.
„Затоа Здружението на пензионери даде предлог за унапредување на формулата за усогласување на пензиите а тоа е дегресивно зголемување на пензиите, каде се предвидува најниските пензии да се зголемат за одреден процент, а тоа да се прави само во одреден времеснки период кога има рапиден раст на трошоците за живот“, изјави Станка Трајкова, престедател на Сојуз на Здружение на пензионери за Сител.
Пензионерите доставиле барање за покренување финансиска истрага за работењето на Сојузот на пензионери до Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција.
На протестот ќе бидат побарани и измени на Закони во делот на зголемувањето на пензиите како и на постапката за избор на претседател на Здружението на пензионери.





