Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вечерва изрази сомнеж дека затвореници или банди во затворите кои се под негово управување, со скапо платен мобилен телефон што го добиле зад решетки, го нарачале палењето на неговата викендичка во Орешани. Пандов смета дека тоа е чин на одмазда за борбата со затворскиот криминал што тој ја почнал откако дојде на функцијата.
– На што се должи? Се должи на кукавичлукот и на стравот кој што го имаат сега одредени затвореници, од притисокот кој што го имаат со промената на власт, имено привилегиите кои претходно ги имале сега ги имаат изгубено. Зошто? Затоа што ја постапувам само по слово на законот, односно она што наложува законот и правилниците за работа на затворите јас стриктно барам од директорите и затворската полиција да го применуваат. Секој еден затвореник кој го почитува словото на законот, кој го почитува куќниот ред, знае дека во мене има пријател и обратно оној кој мисли дека е шериф и дека негов е затворот и може да прави што сака – е мој непријател. Овие девет месеци функционирање, сигурно сум стекнал одредени непријатели кои преку овој начин пораката која што е пратена е да ме заплашат мене, а на крајот на денот да ја заплашат и Владата. Не, не, немам никаква двојба, затоа што јас и од претходно имав, тоа се муабети јас не сум имал стриктни докази меѓутоа имало такви разговори конкретно околу палење, околу други потешки кривични дела – рече Пандов на вечерашното гостувар на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.





