Пандов за запалената куќа: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат, никој не е над законот!

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, чија куќа во Орешани денеска изгоре до темел, реагира со јавна порака до извршителите.



„Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?

Ова е цената за удирањето по мафијата!

Домот ми беше запален и имам основано сомневање дека станува збор за смислена атака на криминалците!

Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат.

Никој не е над законот!

Нема враќање назад кога се бориш за правдата. И кога ќе тргнеш против криминалот, тој се брани со насилство. Но, ова нема да ме запре — напротив, само нè зајакнува!

Очекувам институциите да го најдат и казнат сторителот. А јас и сите заедно ќе продолжиме таму каде што бевме — со уште поголема одлучност“, порача Пандов на Фејсбук.