Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ќе потпише нов едногодишен договор со Џенова, јавуваат медиумите од северниот италијански град. Иако имаше понуда да замине во Кина, сепак 34. годишниот струмичанец и Џенова се договориле за продолжување на соработката на уште една трета година. Деновиве се очекува се да се официјализира односно да биде потпишан новиот договор.
Пандев во Италија дојде во 2001. година и ова за него ќе биде 17. сезона во клубовите од Апенините, а мина низ вкупно 6, Интер, Специја, Анкона, Лацио, Наполи и Џенова.