Пандев и другарите како духови, ни ФИРОМ, ниту ПГДМ

Втор пат за три дена грчката национална телевизија не претвори во неименувана нација без да се мачи да не ословува но ниедно име.



Исто како и на мечот со Италија државната телевизија ЕРТ од видеото кое што го емитува Европската радиодифузна асоцијација го избриша делот од телопот каде што стои МКД и на негово место не стави ништо друго.

Предходно во вакви случаи Грција правеше свој кајрон на кој пишуваше ПГДМ или ФИРОМ но сега реши да не се мачи и да не не именува никако.

Неупатен гледач кој што го гледал мечот во Грција можел да помисли дека во Струмица вчера Лихтенштајн кој прими 4 голови, играше сам со себе или со екипа на духови.