Претседателот на Пaнама, Хозе Раул Мулино, отфрли какви било преговори со Соединетите Држави за Панамскиот канал, откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата инаугурација минатата недела објави дека САД ќе го вратат под своја контрола.
„Не можам да преговарам, а уште помалку да започнам преговори за каналот. Тој е запечатен. Каналот е панамски“, рече Мулино на својата неделна прес-конференција.
Минатата недела, портпаролка на САД го потврди патувањето, но не ги именуваше поединечните земји што државнио секратар Рубио ќе ги посети на својата прва странска турнеја.
Според американските медиуми, планирани се средби во Панама, Гватемала, Ел Салвадор, Костарика и Доминиканска Република, почнувајќи од крајот на оваа недела.
Во својот инаугуративен говор на 20 јануари, Трамп положи право на Панамскиот канал. Оттогаш, тој во неколку наврати отворено изјави дека САД треба да го контролираат овој важен воден пат, тврдења кои Мулино остро ги отфрли.
Каналот долг 82 километри го поврзува Атлантикот со Пацификот во Централна Америка. Изграден е на почетокот на 20 век од страна на американскиот армиски корпус на инженери. На 31 декември 1999 година, САД и го предадоа управувањето со каналот на Панама.
Трансакцијата ја договорил неодамна починатиот демократски претседател на САД, Џими Картер.





