Заминувањето на Хрватот Никола Калиниќ од Фирентина во Милан што треба да се случи во текот на следната недела и признанието на сопственикот на Палермо, Маурисио Зампарини дека клубот од Сицилија има финансиски проблеми, повторно го актуелизираат заминувањето на Илија Несторовски од стадионот Ренцо Барбера. И самиот Зампарини го потврдува тоа.
“Илија е тука само затоа што за него не сме добиле соодветна понуда. Сите што ги добивме до сега не се на нивото што го очекуваме и што Несторовски го заслужува”, признава првиот човек на Палермо и секако остава простор нашиот репрезенативец да замине, пред се, во Фиорентина која е константно загреана.




