Вообичаено е пред речиси секоја средба што ја закажува медијаторот Метју Нимиц, во Грција да се пишуваат анализи и коментари во кои „панично“ се предупредува да не се предадат грчките национални интереси доколку дојде до решение на „спорот“.
Така грчки портал направи „анализа“ на интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за австриски „Винер цајтунг“ и откри скриена „суштина и помалку оптимистички слика“, што грчката влада била должна да ја види.
Звучи многу импресивно кога премиерот зборува за провокативни споменици на македонските кралеви и за желбата да престанат провокациите, пишува Defencepoint.
Но, наивно е да се верува дека со промена на името на северниот сосед во „Северна Македонија“, Скопје – чиј премиер вели „Јас сум роден како Македонец, како и татко ми и дедо ми“ и н’е известува дека за ова не се преговара – ќе изгуби нешто.
Авторот на написот констатира дека „тие ќе продолжат да бидат нарекувани Македонци од сите“ и елаборира дека доколку „нашата земја се викаше Македонија“ тогаш би преовладало името Северно-Македонци за северните соседи.
Но, бидејќи нашата земја е Грција, ние ќе останеме Грци, а нашите северни соседи всушност ќе останат „Македонци“.
Авторот смета дека погрешно било да се признае име „Северна Македонија”, зашто „Јужна Македонија“, која не е држава, и се наоѓа длабоко е во границите на грчките граница не е само географска област, туку и етнолошка.
Со тоа ќе зоздадеме нова „Чемерија“ (се мисли на Јужен Епир кој за некои кругови во Тирана е албанска област населена со албанско население Чами – н.з.) пишува порталот.
На крајот авторот вели дека крајната линија до која може да се повлече грчката страна е „Славомакедонија“ бидејќи со тоа јасно се дефинира дека тоа е „географски дел од Македонија населен со словенско население“.




