Одново е поставена спомен-плоча со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово во 2001-ва година.



Претходната, беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите на ОНА.

Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.

Спомен-плочата на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.

Од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија.

Но досега венци и цвеќе се положуваат на банкината на автопатот, но и покрај ветувања од досегашните Влади – ништо не е направено.