Пак порасна синдикалната кошничка – 1500 денари потребни повеќе од минатиот месец само за храна

58. 998 денари изнесува минималната синдикална кошничка за месец март, покажуваат најновите податоци од ССМ . Кошничка за март е зголемена за 1522 денари од минатиот месец.
Податоците за март покажуваат дека потребни биле плус 1462 денари повеќе од во февруари само за храна и пијалоци, односно сега се потребни 22.681 денар, а во февруари биле потребни 21 .219 денари. Според синдикатот, ова веројатно се должи на тоа што престана да важи мерката за „загарантирани цени“ , па дел од производите веќе поскапеле.



Пресметката дека се потребни скоро 59 илјади денари за едно семејство е доколку истото живее во сопствен стан, доколку плаќаат кирија потребни ќе бидат 74 373 денари .