На 20.04.2024 во 15:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.И.(24) од Охрид пријавил дека С.Ц.(41) и Л.С.(25), двете од Непал, кои биле вработени во негова фирма, се оддалечиле од домот во кој престојувале во Охрид.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
„Работнички „увезени од Непал, „исчезнаа“ од Прилеп
Пред две недели, нешто слично се случи и во Прилеп, кога неколку работнички од Непал во позната домашна фирма не се појавиле на работа, по што беа пријавени како исчезнати.







