Мал медицински авион кој превезувал болна девојка се урна на улица во петокот вечерта во близина на трговскиот центар Рузвелт во Филаделфија, Пенсилванија.
Во авионот имало 6 лица – пилот, копилот, болничар, педијатар, девојчето и мајката на девојчето, сите мексикански државјани.
Ниеден не преживеал, јави Би-Би-Си.
Портпаролот на воздухопловната амбуланта Шаи Голд рече дека пациентот е мексикански државјанин – девојчето било во САД за спасувачки медицински третман. На крајот на лекувањето била пуштена да си оди дома.
Авионот требаше да лета од Филаделфија до меѓународниот аеродром во Тихуана, со едно техничко застанување во Спрингфилд, Мисури за гориво.
Претседателот Доналд Трамп во врска со несреќата изјави:
„Толку е тажно да се види падот на авионот во Филаделфија, Пенсионија. Загубени повеќе невини животи…“
Нема преживеани по сударот на авион и хеликоптер над Вашингтон, Трамп обвинува…






