Претставничкиот дом на САД одобри пакет помош од 61 милијарда долари за Украина. Гласањето беше одложено од републиканците со месеци, при што некои се противеа на давање пари во странство наместо на границата меѓу САД и Мексико. На Украина, која во голема мера се потпира на западното оружје, очајно ѝ е потребна помош додека се бори против инвазијата на Русија.
На украинските војници толку им фали муниција, што мора да штедат гранати на бојното поле. Усвојувањето на законот означува значителна промена на политичката плима за Украина, но динамиката на бојното поле веројатно нема да се промени веднаш.
Извештаите сугерираат дека дел од оваа муниција и опрема би можеле да бидат на линијата на фронтот за неколку дена. И покрај тоа што аспирациите за ослободување се откажани, тие би можеле да помогнат да се запре бранот на руската окупација. Некои генерали предвидуваат дека Москва ќе започне голема офанзива со доаѓањето на летото.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го нарече гласањето „лош ден за Владимир Путин“.
Во Претставничкиот дом со посебни гласања поминаа и пакетите помош за Израел и за Тајван за да се одврати кинеската агресија. Вредноста на целиот пакет помош за сите земји сосе Украина е вкупно 95 милијарди долари. Гласовите се политички ризичен потег на републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон за да се добие пакетот помош за Украина.
Целиот пакет ќе оди во Сенатот, каде што усвојувањето во наредните денови е речиси обезбедено. Претседателот Џо Бајден вети дека веднаш ќе го потпише.





