Падна владината национална стратегија за дијаспората

Владините служби ја повлекле информацијата за формирање на работна група која што треба да работи на изготвување на националната стратегија за соработка со дијаспората.



Иако оваа информација минатата недела беше поставена на владиниот интернет страница таа сега е недостапна за јавноста

Според неофицијалните информации информацијата била повлечена по реакциите од голем број организации на Македонците од дијаспората кои што не биле инволвирани во групата.

Дел од причините за повлекувањето на информацијата се бараат и во несоодветниот избор на членови на работната група која што треба да се координира од кабинетот на министерот за дијаспора Едмонд Адеми и во која што членуваат претставници на голем број институции и невладини организации.