Најмалку 14 лица загинаа откако џиновски билборд се урна за време на ненадејна бура во индискиот град Мумбаи. Десетици луѓе беа повредени.



Билборд висок 70 метри и широк 50 метри вчера паднал врз куќи и бензинска пумпа, соопшти полицијата.

Службите за итни случаи соопштија дека неколку луѓе се уште се заробени во урнатините и дека во тек е спасувачка операција.

На снимките се гледа како огромниот билборд се ниша од ветрот пред да падне врз згради во близина на прометниот пат.

Драматична видео снимка покажува како спасувачите извлекуваат една жртва од под урнатиот билборд и користат електрични алати за да го исечат металот.

„Спасивме околу 80 луѓе безбедно. Има еден автомобил кој е сериозно оштетен, мислиме дека некои луѓе се заробени внатре“, изјави претставникот за новинската агенција АНИ.

Властите велат дека плакатот е неколку пати поголем од законската големина, а агенцијата што го поставила немала дозвола. Беше испратено известување до компанијата во кое се бара да ја расклопат структурата и да ги отстранат сите слични постери.

Вчера песочна бура го запре сообраќајот во делови од градот, корнеше дрвја и предизвика прекин на електричната енергија.