По проблемите во ЈСП на кое му недостигаа(т) 40 автобуси според летниот возен ред, а бројката ќе стане барем тројно повисока од 2 септември кога започнува школската година, ќер имаат „таксисти“ кои на диво се вклучуваат и им стоја на располагање на граѓаните за „пресолени“ цени за превоз.
- Граѓаните по долгите чекања на автобуските станици се решеваат да влезат во прво такси кое ќе им дојде, а тоа е најчесто нелегално.
- Поради преголемиот број на повици кон легалните такси компании тие не се во можност да им излезат во пресрет на граѓаните кои се принудени да ги користат овие нелиценцирани такси возила.
- Ваквото возење не остава последици па наместо стандардната цена од 150-200 денари граѓаните плаќаат по 400-500 денари.
- Сашо Рајчановски, претседател на Групацијата на авто-такси превозници, вели дека е аларментен бројот на нелегални такси превозници и апелира Град Скопје да преземе брза акција, пишува порталот Офф.нет.





