Од 2001 година досега 71.524 граѓани на Македонија добиле бугарско државјанство, соопшти потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, за време на денешната средба со претставници на бугарски организации во амбасадата во Скопје.
„Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев во јануари годинава 1.184 Македонци добија бугарско државјанство. Ви ветувам дека во најскоро време ќе ја олесниме процедурата за добивање државјанство“, дополни Јотова.
Потпретседателката на источниот сосед најави дека на средбите со премиерот Зоран Заев и со претседателот на Собрание, Талат Џафери, ќе го покрене прашањето за прием на Бугарска национална телевизија во Македонија. Планирана е и средба со министерот без ресор Роберт Поповски.
Од Македонија Јотова утре заминува на дводневна посета во Грција.





