Управниот суд до доцна во ноќта расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата Европски фронт, и отфрли шест тужби како неосновани.
Тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места, дознава МКД.МК.
Со прегласување, постојат можности исходот да ја промени распределбата на пратенички мандати.
Односно коалцијата предводена од ДУИ да загуби еден во петка и еден пратеник во шестата изборна едница, при што СДСМ наместо 18 ќе предводи со 19 пратеници како втора политичка опција, а Вреди би профитирал исто со еден пратеник
По полноќ коалицијата Вреди ги поздрави одлуките на Управниот суд и повика на масовна излезност на граѓаните на повторено гласање на избирачкото место каде коалицијата, во зависност од исходот на гласањето, може да добие уште еден пратеник.
„Одлуката на Управниот суд е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат
Промената започната на 8 мај почна да се реализира, но за да биде уште побрза и поефикасна, ги повикуваме граѓаните на Ларце, на избирачкото место 2101 во среда, 22 мај да излезат и да ја изразат својата волја, слободно, без да потклекнат на притисоците на ДУИ и нејзините манипулатори.“, порачаа од ВРЕДИ.






