Покрај во Скопје, славениците на Денот на албанското знаме синоќа биле активни и во Куманово, каде што ја откорнале таблата на Конзулатот на Република Србија, за што извести Амбасадата во Скопје.



„Во овој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Република Северна Македонија, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет, како што велат, може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери.

Амбасадата на Република Србија нагласува дека останува посветена на негување пријателски односи со Република Северна Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат се за да се реши овој случај на адекватен начин“, соопшти дипломатското претставништво на северниот сосед во главниот град на Македонија.