Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствувала на промоција на интересно научно дело со кое отворени македонските порти за космичкото право, област која ретко која земја на светот може да се пофали со научни достигнувања.
,,Со задоволство учествував во промоцијата на книгата „Инструменти на меѓународното космичко право“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“, вистинско место корпусот на космичкото право да биде обзнанет на македонски јазик.

Неподелено е мислењето дека се работи за извонредно вреден труд, систематизиран во четири дела: првиот, посветен на договорите на ОН за проучувањето и ползувањето на космичкото пространство за мирољубиви цели; вториот ги обработува начелата усвоени од Генералното собрание; третиот ги покрива релевантните резолуции на ОН и четвртиот, што вклучува други документи”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Првиот дел од селото ги инкорпорира петте основни договори на меѓународното право, од првиот во 1967 „Договорот за начелата со коишто се уредуваат активноститите на државите при истражувањето и употребата на космичкото пространство, вклучувајќи ја Месечината и другите небески тела“ до петтиот, донесен во 1979 „Договорот со кој се уредуваат активностите на државите на Месечината и другите небесни тела“.

,,Неподелен беше ставот дека м-р Александар Ташковски и студентите-ентузијасти околу него, но и колешките и колегите – професори: главната промоторка проф. д-р Каролина Ристова-Астеруд, Правен факултет „Јустинијан Први“ и Универзитет во Абердин и промоторите проф. д-р Христина Спасевска, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ); проф. д-р Ивица Милевски, Природно-математички факултет (ПМФ) и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Филолошки факултет „Блаже Конески“ успешно ги отворија македонските порти за космичкото право.

Се разбира, мене ми преостана да повикам на почитување на космичкото право кое е мирољубиво и насочено кон добродетелски цели”, се цели во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.







